Connect with us

Заврши сезоната за Серхи Роберто

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Тој ќе мора да паузира околу два месеци откако го скина мускулот на мечот против Хетафе (0-0).


31-годишниот фудбалер беше заменет во 17. минута откако почувствува силна болка во пределот на бутниот мускул.


„Многу лоша вест за Серхи Роберто. Првите тестови покажаа кинење на мускулот на левата нога. За него сезоната можеби е завршена“, објави весникот „АС“.


Подоцна беше објавено дека играчот од средниот ред ќе паузира повеќе од два месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови