Сезоната заврши – сезона на солзи за Манчестер Јунајтед. Тие останаа без трофеј, без излез во Европа, а ги очекува неизвесност, пред сè поради финансискиот губиток. Следува распродажба на играчи, поточно на оние на кои Аморим не смета, а ќе видиме дали некој од клучните фудбалери, како што е Бруно Фернандеш, ќе го напушти тимот. Тој има понуда од Саудиска Арабија, но засега нема информации дека неговиот сонародник е подготвен да се откаже од него.
Сепак, „ѓаволите“ веќе купуваат. Првото засилување е договорено, и не е изненадување – Матеус Куња пристигнува на „Олд Трафорд“. Бразилецот од Вулверхемптон беше мета на Јунајтед, неговата клаузула од 62,5 милиони фунти ќе биде активирана веќе денес, и поранешниот играч на Лајпциг, Херта и Атлетико ќе се пресели на „Олд Трафорд“. Во штотуку завршената сезона тој постигна 15 голови во Премиер – лигата и ги остави „волците“ далеку од борбата за опстанок.
Кој ќе му го отстапи местото?
Тешко е да се каже – клубот е незадоволен од Хојлунд, но тешко ќе успеат да вратат дури и половина од вложените пари за данскиот репрезентативец.
Голем број офанзивци се ставени на продажба, а Куња би требало да ја преземе „десетката“ од Рашфорд.
Рашфорд е на позајмица во Астон Вила, наводно ни тој, ни Ентони – кој имаше одлична пролет во Бетис, ниту Санчо нема да добијат втора шанса. Но, како што беше речено, со оглед на нивните плати, нема лесно да се продадат. Зиркзе останува, Гарначо е незадоволен, додека Дијало и Доргу се сигурни.
Од останатите играчи, клубот ќе го напуштат Ериксен, ветеранот Еванс, можеби и Лук Шо кој има висока плата, а заминување се очекува и од Линделеф. Кашемиро исто така најверојатно ќе си замине, и тоа во Саудиска Арабија. До почетокот на новата сезона, ќе се бараат нови решенија.
Како една од целите се споменува и Лијам Делап, кој има откупна клаузула од 30 милиони фунти по испаѓањето на Ипсвич, но тој може да избира каде ќе оди – плус, Јунајтед најпрво мора да се ослободи од Хојлунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













