
ВАР-технологијата ја покажа својата „сила“ и оправданост на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Македонија ЃП. За првпат не беше признат гол откако ВАР „откри“ дека напаѓачот играл со рака пред да го постигне погодокот.
Кон крајот на првото полувреме, Струга ТЛ го отвори резултатот преку Басиру Компаоре. Главниот судија првично го призна голот, но по интервенција на ВАР, радоста на стружани беше краткотрајна.
Судиите во ВАР-собата, Никола Костенчев и Фуркан Идризи, му сигнализираа на главниот судија Благојче Ралевски дека погодокот треба да биде поништен.
Снимките јасно покажаа дека Компаоре играч со рака со топката пред да ја испрати во мрежата, по што голот не беше признат. Ова е уште еден пример за тоа колку ВАР е значаен во современиот фудбал.
Сепак, радоста за домашните дојде брзо – само две минути подоцна, во 49. минута, Маудо Ламин Жаржу прецизно стрелаше и ја донесе Струга во водство од 1-0 на полувреме.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка
