Селекцијата на Малта утре е следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првнество во Германија следната година. Сепак, нашите репрезентативци кои во дуелот влегуваат по домашното реми 1-1 против Италија се внимателни во пресрет на сребата со Малтежаните.
– На натпреварот во вторник прво треба да одиграме одговорно, сите да го дадеме максимумот, затоа што Малта не е наивен противник, има доста квалитет и не треба да се потцени. Со максимален пристап и однос, треба да излеземе и да се обидеме да победиме. Со Италија беше друг натпревар, нели, се работи за квалитетен противник против кој мораш да одиграш подефанзивно. Но, утре ако сакаме да победиме, треба да нападнеме со сите сили – вели репрезентативецот на Македонија, Ѓоко Зајков.
Зајков вели дека нема притисок во репрезентацијата.
– Фаворит во фудбалот во денешно време може да постои само на хартија, не би рекол дека Малта е аутсајдер. Полесно е да играш со Италија можеби од тој психолошки план, притисок. Но, на сите натпревари е исто, нема зошто да имаме притисок против кого било, дали тоа било против Малта или Италија. Едноставно треба да уживаме во фудбалот, и да ги радуваме сите луѓе кои го гледаат – порачува Зајков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













