
Рано утринава околу 04:30 часот, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на граничниот премин Блаце, заедно со претставници на медиумите ги пречекаа македонските фудбалери кои од Тбилиси слетаа во Приштина, Косово, после остварувањето историски пласман на Европското првенство.
„Голема е радоста што ја преплави целата земја.
Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.
Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.
Еден гол за сите, една победа за сите. Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден.
Јас и првиот вицепремиер Артан Груби сме овде да ја споделиме радоста и да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.
Ова е успех достоен за големо славење, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 кои забрануваат собири.
Честитам уште еднаш.
Да им посакаме успех и здравје! Да живее македонскиот фудбал!“, изјави Заев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Состави ЛШ: Барса и ПСЖ во тотална офанзива
