Ибрахима Конате веќе трипати одбил да го продолжи договорот со Ливерпул, а неговата иднина сè повеќе се поврзува со Реал Мадрид.
Францускиот дефанзивец, кој има 26 години, може да стане слободен играч на 30 јуни 2026 година, што би му овозможило на „кралскиот клуб“ да го доведе без обештетување. Според информациите, самиот Конате добил гаранции дека Реал е подготвен да потпише со него веќе на крајот на оваа сезона.
Во Ливерпул, пак, веќе се свесни дека неговото заминување е неминовно и се обидуваат да најдат решение пред да останат без еден од столбовите во одбраната.
Покрај Конате, Реал Мадрид ја следи и ситуацијата со Вилијам Салиба од Арсенал. Неговиот договор важи до јуни 2027 година, но и тој би можел да пристигне во Мадрид како слободен агент, сценарио слично на она со поранешниот играч на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, кој минатото лето без обештетување прејде на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













