Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ги сподели своите очекувања пред големото дерби со Интер во Серија А. Првото „Дерби d’Италија“ за сезоната ќе се одигра во сабота, а љубителите на фудбалот веќе нестрпливо го чекаат спектаклот.
„Ова е дуел што вреди повеќе од три бода. Полесно е да се подготвуваш за вакви натпревари. Интер е одличен тим, со искусни и зрели фудбалери. Но и ние имаме што да кажеме – сакаме да се фокусираме на нашите квалитети и потоа да работиме на слабостите. На крајот ќе се види кој ќе излезе подобар“, истакна Тудор во интервју за „ДАЗН“.
Хрватскиот стратег нагласи дека, иако Интер и Наполи важат за главни фаворити за Скудетото, но Јувентус не смее да биде отпишан.
„Секако дека можеме да се бориме за титулата. На почетокот на сезоната зборувавме за тоа, но сега е време да се покажува на терен. Зборовите не значат ништо без резултати“.
Тудор се осврна и на ситуацијата со Душан Влаховиќ, кој остана во клубот и покрај тоа што беше очекувано летово да замине.
„Необична е ситуацијата со неговиот договор, но тој е млад и најдобрите години му претстојат. Во тешки моменти покажа концентрација и сила. Му давам поддршка кога му е потребна, но и дисциплина кога тоа е неопходно“.
Пофални зборови доби и талентираниот Кенан Јилдиз.
„Никогаш не морам да му забележам нешто пред соиграчите, затоа што секогаш прави што треба. Има страст и мотивација секој ден – тоа го прави посебен“.
Големо засилување за Јувентус е и враќањето на Глејсон Бремер по тешката повреда.
„Тој е клучен – и како играч, и како лидер. Неговата харизма е незаменлива, соблекувалната го обожува“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













