Антони Марсијал (29) е пред потпис со мексиканскиот гигант Монтереј, јавуваат грчките медиуми. АЕК Атина дал дозвола францускиот напаѓач да замине во Мексико, каде ќе ги заврши лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот. Во новата средина, тој ќе се приклучи на тимот каде што настапува и легендарниот Серхио Рамос.
Марсијал ја почна кариерата во Лион, а во 2013 година прејде во Монако. Во 2015 потпиша за Манчестер јунајтед за тогаш рекордна отштета за малолетен играч и ја освои наградата „Златно момче“. Во 2022 беше на позајмица во Севилја, а за француската репрезентација дебитираше во 2015 и беше дел од составот што играше финале на ЕВРО 2016.
Со Манчестер јунајтед освои четири трофеи – ФА Куп, Лига Куп, Комјунити Шилд и Лига Европа.
Монтереј, пак, игра во најсилната мексиканска лига и моментално е лидер по седум одиграни кола. Навивачите веруваат дека токму со Марсијал и новите засилувања ќе ја прекинат 15-годишната пауза без титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













