Младинскиот репрезентативец Мартин Ѓоргиевски во последен час заминува во странство. Првото интернационално искуство, малку изненадувачки, ќе го има во чешкиот второлигаш Збројовка Брно.
Еден од најквалитетните фудбалери за врска во Прва МФЛ, имаше преговори со полскиот Раков, шкотскиот Данди, одби понуда и од Вардар, на крајот Ѓоргиевски заминува во клуб кој дефинитивно е под неговото играчко педигре.
Сепак, ако се знае дека Ѓоргиевски инсистираше да замине во странство ова лето, ова може да се оцени и како прв чекор на интернационалната сцена по заминување од Брера, со тоа што во наредниот период да чекори напред и да се докажува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













