Чаби Алонсо, како нов тренер на Реал Мадрид, донесе свои методи со кои се обидува да се наметне како авторитет пред фудбалерите. Шпанските медиуми пишуваат за еден интересен инцидент на тренинг, кога дошло до судир меѓу Германецот Антонио Рудигер и Бразилецот Винисиус Жуниор.
Според информациите, сè започнало по остар старт на германскиот дефанзивец, по што следеле тешки зборови и туркање со Бразилецот. Алонсо реагирал веднаш – го испратил Рудигер дома за да ја смири ситуацијата и да го продолжи тренингот во нормално темпо.
„Довидување,“ наводно му рекол тренерот на Германецот, кој подоцна се извинил на соиграчите, особено на Винисиус.
Дополнителна тежина на случајот му даваат информациите дека Реал Мадрид не планира да го продолжи договорот на Рудигер, кој важи до 30 јуни 2026 година. Клубот спроведува реконструкција на составот, а во одбраната предност имаат Дин Хујсен и Едер Милитао, кој успешно се врати по тешка повреда. Рудигер сè почесто е на клупата, што тешко го прифаќа. Се споменува можен негов трансфер – од понуди од Саудиска Арабија, па сè до европски клубови.
Пред да прејде во Реал Мадрид во 2022 година, Рудигер настапуваше за Штутгарт, Рома и Челси. Со Челси ги освои ФА Купот, Лигата на Европа, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Со Реал Мадрид ја продолжи традицијата на успеси, па освои Лига на шампиони, Ла Лига, два УЕФА Суперкупа, Кралски Куп и Шпански Суперкуп. За „кралскиот клуб“ досега има одиграно 157 натпревари, постигнато седум погодоци и запишано четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













