Челси е под сериозна закана. Клубот е обвинет од Фудбалската асоцијација (ФА) за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања кон агенти во периодот меѓу 2009 и 2022 година.
Обвиненијата најмногу се однесуваат на процеси што се случувале во сезоните од 2010/11 до 2015/16.
Претпоставените прекршувања се поврзани со агенти, посредници и инвестиции од трети страни. Челси има рок до 19 септември да одговори на обвиненијата.
Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Тој го продаде Челси на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Боели и инвестициски фонд.
„За време на темелниот процес на проверка пред финализирањето на купопродажбата, новата сопственичка структура откри потенцијално непотполни финансиски извештаи во врска со трансакции и други можни прекршувања на правилата на ФА,“ стои во соопштението на Челси.
„Веднаш по завршувањето на купопродажбата, клубот сам ги пријави овие прашања до сите релевантни регулаторни органи, вклучително и ФА. Клубот покажа невидена транспарентност во овој процес, вклучувајќи обезбедување целосен пристап до клубските документи и историските податоци,“ се додава во клупската информација.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













