Судијата Матијас Холенбек во 65. минута го прекина натпреварот од Бундес – лигата меѓу Аугсбург и Мајнц, иако немаше причина за тоа. Судијата го направи ова за да го натера Муса Ниахате, капитенот на гостите, да ифтари или да го прекине рамазанскиот пост. Тоа е историски настан за Бундес – лигата, првпат поради наведената причина да биде прекинат натпревар во една од најсилните лиги.
За муслиманските верници, месецот Рамазан започнува на почетокот на април и за време на него не јадат и не пијат ништо на дневна светлина. Толку многу фудбалери од муслиманска вероисповед не консумираат храна и пијалоци од утро до мрак.
Капитенот на Мајнц е еден од оние кои постат, а времето на ифтар, кое се случува на зајдисонце, морал да го искористи за консумирање течност.
„На паузата меѓу двете полувремиња го прашав судијата дали е можно да има кратка пауза во вториот дел за да го прекине постот. Знам дека не мораше да го направи тоа и можеше да ме одбие и јас би разбрал тоа“, изјави Ниахате по натпреварот.
Судијата Холенбек, сепак, повлече потег за историја.
„Муса ме праша дали ќе може да пие вода по зајдисонце, помеѓу 60-та и 70-тата минута од натпреварот. Се разбира, реков дека може. Му дадов сигнал кога ќе дојде времето да ме праша. Го чекав да се напие вода и така тој го заврши постот тој ден“, изјави судијата Матијас Холенбек.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal