Connect with us

Втора лига Запад: Вардар го доби дербито со Воска, Силекс победи во Охрид

Вардар ја оствари првата победа во Втората лига Запад, откако на домашен терен, на стадионот „Борис Трајковски“ славеше против Воска Спорт со 2-0. Избраниците на Горан Симов поведоа со голот на Никола Наумовски, кој погоди пред крајот на првиот дел, а триумфот го потврди Кристијан Костовски.


Силекс е и натаму максимален, дојде до тетиот триумф откако славеше на гости кај Охрид со 0-1. Ѓорѓи Танушев во 74. минута беше стрелец на победничкиот гол за тимот на Горазд Михајлов.


Тетекс ремизираше со Кадино (1-1), Беса го совлада Гостивар на гости со 0-2, со головите на Жоглев и на Чилафи, а Кораб со голот на Един Мерсовски ја победи Велешта со 1-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови