Connect with us

Втора лига Запад: Скопје убедливо, Велешта во фотофиниш

Скопје се врати на победнички патеки и направи голем чекор кон елитата со триумфот од 3-1 против Велазерими. Христијан Кировски го отвори резултатот, Берат Исмаил постигна автогол за водство на домаќинот од 2-0, а Љамалари беше стрелец на третиот гол за тимот од Авткоманда. Махир Ајрули го постигна почесниот погодок за гостите.


Велешта во финишот оствари триумф против Кадино од 2-0. Игор Клечкароски во 89. минута и Бунјамин Асани во судиското продолжение беа стрелци на головите за домашниот состав.

Охрид славеше против Дрита со 1-0 , а и Гостивар со идентичен резултат го победи Тетекс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови