
Победа приреди сензација со триумф од 2-1 над лидерот во Втората лига, Македонија ЃП, на домашен терен во Прилеп. „Лавовите“ беа фаворити, поведоа со голот на Ѓорѓи Дошев во 27. минута, но останаа со празни раце. Прилепчани храбро одиграа во второто полувреме, израмнија преку Леонид Кофиловски, а Филип Димоски во 82. минута го комплетираше пресвртот.
Изненадување се случи и во дуелот меѓу Каменица Саса и Брегалница, каде домаќинот славеше убедливо со 4-0. Саса доминираше од самиот почеток, поведе со два гола, прво преку Кристијан Таневски, а потоа и со атрактивен погодок на Андреј Симевски. Капитенот Симевски беше повторно прецизен во вториот дел, а штипјани во финишот примија и четврти гол.
Башкими ја искористи оваа рунда и се искачи на второто место со триумф од 2-1 над Арсими. Првото полувреме во Куманово помина без голови, но потоа Шенон Саити донесе предност за домаќините. Во завршницата, Ардит Демири со одличен слободен удар зголеми на 2-0, додека Ардијан Цуцули од пенал само го ублажи поразот.
Детонит Плачковица беше убедлив против Вардарски (1-4), а Охрид ја совлада Белсаица со 2-1.
ВТОРА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БАШКИМИ – АРСИМИ 2-1
КАМЕНИЦА САСА – БРЕГАЛНИЦА 4-0
НОВАЦИ – БОРЕЦ 1-1
ОХРИД – БЕЛАСИЦА 2-1
ОСОГОВО – КОЖУФ 0-0
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 2-0
ВАРДАРСКИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-4

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
