
Продолжуваат второлигашките возбудувања со 18.коло кое е на програмата денеска. Лидерот Македонија ЃП оди на гостување во Прилеп и сака триумф против Победа за да се врати во ритам по поразот од Башкими (0-1) на домашен терен.
Брегалница исто така гостува, но во Турново каде Каменица Саса е домаќин поради одлежување на казната од ФФМ за инцидентот со ФК Скопје.
Интересен ќе биде и дуелот во Куманово меѓу Башкими и Арсими. Тоа се екипи кои исто така се надеваат на освојување на едно од првите две позиции кои носат пласман во елитата.
Охрид Лихнидос ќе ја пречека Беласица, а Детонит Плачковица е гостин на Вардарски.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 18.КОЛО (денеска, 14 часот)
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ
ОСОГОВО – КОЖУФ
ВАРДАРСКИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
КАМЕНИЦА САСА – БРЕГАЛНИЦА
НОВАЦИ – БОРЕЦ
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП
БАШКИМИ – АРСИМИ
ОХРИД ЛИХНИДОС – БЕЛАСИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal