Connect with us

Втора лига Исток: Прилеп во еуфорија, тивко во Виница

Победа Прилеп е нов лидер во Втората лига Исток откако на домашен терен го доби дербито против Беласица со убедливи 3-0. Досегашниот лидер Слога Виница само ремизираше без голови против Каменица Саса, па мораше да го прешушти врвот.


Тимот на Димитар Капинковски ја надигра Беласица во дербито во Прилеп. Бојан Спиркоски беше стрелец на два гола и потврди дека е еден од најдобрите фудбалери во второлигашката конкуренција, а во листата се запиша и Атхе Мазари.


На второто дерби меѓу Слога Виница и Каменица Саса немаше голови.


Кожуф на домашен терен го совлада Осогово со 1-0 со голот на Томица Петров, а Детонит Јуниор очекувано лесно се справи со Локомотива (4-0).


Пехчево го победи Братство со 3-1, со головите на Димитриевски, Ступиќ и на Андонов.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови