Брегалница е есенски првак во Втората лига – Исток и ќе презими на врвот на табелата откако го совлада Кит-Го со 2-0. Двоен стрелец за штипјани беше Дарко Додев. Тој го отвори резултатот во третата минута, а вторпат погоди во 39. минута.
Тиквеш на домашен терен беше подобар од Слога Виница и триумфираше со 4-2. Закавадарчани стрелаа Симеон Христов, Александар Мишов, Ѓорѓи Мојсов и Бобан Здравевски, а Антонио Бујчевски и Тоше Темелков погодија за гостите од Виница.
Осогово ја совлада Победа со 2-0 со головите на Стојанчо Велинов и на Александар Неданоски. Кожуф го победи Росоман со 3-2, а Плачковица и Каменица Саса ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













