Во пресрет на последната рунда од првиот дел во Младинската Супер лига јасно е дека АП Брера ќе остане на првата позиција.
Струмичани денеска триумфираа над Арсими со 5:0 и имаат предност од четири бода во однос второ и трето пласираните Работнички и Вардар.
Стрелци на головите за АП Брера беа Бојан Велков, Габриел Талески, Марио Митрев додека Иван Танчев на два пати го совлада противничкиот голман.

Работнички беше убедлив во соочувањето со Тетекс и славеше со 10:1. По три пати прецизни беа Ердин Шабани и Дитмир Хоџа, двоен стрелец е Беркај Шаини додека по еден погодок постигнаа Јован Коцески и Кренар Хоти додека единствениот гол за Тетовци беше дело на Феми Велија.
Вардар ја совлада Струга ТЛ со 3:2. Стрелци на погодоците за “црвено-црните” беа Иво Марковски, Никола Ристевски, а сопствена мрежа ја погоди Елис Жута. На спротивната страна головите ги постигна Јусуф Доко.
Македонија ЃП до трите бода против Охрид Лихнидос стигна со голот на Бесмир Исмани додека Њу Старс славеше со 2:1 во дуелот против градскиот ривал Шкупи.
Шкендија Тетово триумфираше над Брегалница со 6:0, Пелистер го совлада Скопје со 4:1 додека Башкими како гостин забележа победа над Тиквеш со 6:0.
Пелистер пред своите навивачи беше убедлив во мечот со Скопје и славеше со 5:1.

Во пресрет на последното коло, АП Брера има 40 бода, четири повеќе во однос на Работнички и Вардар додека четвртопласираната Македонија ЃП има 31.
Петти е Њу Старс си 25 пред Шкупи со 24 и штипска Брегалница со 22.
Во последното коло кое ќе се игра викендов, АП Брера му гостува на Башкими, Работнички за противник го има Скопје додека Арсими го пречекува Вардар.
Македонија ЃП во Штип игра против Брегалница, Њу Старс е домаќин на Тиквеш, а Охрид Лихнидос се среќава со Шкупи.
Во последната рунда на програмата е и градското дерби Тетекс – Шкендија, а Струга Трим Лум е домаќин на Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













