Интер без поголеми потешкотии ја заврши задачата во Копа Италија и со убедливи 5-1 го испрати дома тимот на Венеција. На „Џузепе Меаца“ беше јасно уште од првите минути дека „нероаѕурите“ нема да дозволат изненадување, иако Кристијан Киву одлучи да стартува со комбиниран состав.
Резервистите го искористија моментот. Енди Диуф во 18. минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Пио Еспозито го удвои водството. Доминацијата продолжи, па Маркус Турам пред паузата го зголеми резултатот на 3-0.
Французинот беше расположен и по враќањето од соблекувалната. Во 51. минута Турам ја затресе мрежата по вторпат и донесе високи 4-0. Венеција накратко се разбуди и преку Саградо намали на 4-1, но тоа беше само мала утеха.
Во 75. минута Анге Јоан Бони постигна убав гол и ја затвори приказната — конечни 5-1 за Интер и сигурен пласман во четвртфиналето.
Во следната фаза, тимот на Киву ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Рома и Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













