Сомнежите за сериозна повреда на Трент Александер-Арнолд се потврдија – англискиот бек на Реал Мадрид ќе отсуствува од терените околу два месеца. Утрово тој помина магнетна резонанца во Валдебебас, која покажа дека има скинат преден мускул на левиот квадрицепс, јавува „АС“.
Добрата вест за Чаби Алонсо е дека Едуардо Камавинга има само полесна повреда.
Александер-Арнолд се повреди за време на натпреварот против Атлетик Билбао и новата траума ќе го принуди да ги пропушти следните натпревари: Селта (7 декември), Манчестер Сити (10 декември), Алавес (14 декември) и Севилја (20 декември). Најверојатно нема да игра ниту во јануарските дуели против Бетис, Атлетико, Леванте, Монако, Вилјареал и Бенфика, како и во натпреварите од Суперкупот на Шпанија (7–11 јануари).
Сезоната за англискиот репрезентативец започна со проблеми – уште во јули мораше да направи пауза од една недела поради мускулни тегоби, а на 16 септември доби мускулна повреда на феморалниот бицепс, која го држеше надвор од терените 31 ден (шест натпревари).
Сега останува Чаби Алонсо да го реши проблемот на десниот бек, бидејќи не може да смета ниту на повредениот Дани Карвахал. Против Атлетик Билбао, Алонсо го користеше Раул Асенсио, но Федерико Валверде повторно е реална опција за оваа позиција.
Меѓутоа, Камавинга има само лесно истегнување на левиот скочен зглоб и се очекува да биде спремен за дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, иако настапот против Селта останува неизвесен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













