Баерн Минхен избори пласман во четвртфиналето од Купот на Германија, откако во драматичен дуел го совлада Унион Берлин со 2-3.
Баерн веднаш го наметна темпото и поведе уште во 12. минута, кога Анса по корнер си постигна автогол. Само четири минути подоцна, Хари Кејн ја зголеми предноста на 0-2 по нов прекин, скокајќи највисоко на топката на Кимих.
Унион Берлин доби шанса да се врати во мечот во 39. минута, кога по игра со рака на Џонатан Та доби пенал. Кеферд беше прецизен и намали на 1-2.
Но, надежта кратко траеше, бидејќи Диого Леите само неколку моменти подоцна со втор автогол за домаќините донесе ново водство за Баерн од 1-3.
Второто полувреме започна со нови проблеми за гостите, се повреди Павловиќ, а Компани мораше да реагира со принудна замена. Во 53. минута ситуацијата дополнително се закомпликува за Баерн, откако Кејн при скок направи пенал, кој Кеферд повторно го претвори во гол за 2-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













