Лидс Јунајтед приреди вистинско изненадување во Премиер лигата, совладувајќи го Челси со 3-1 на „Еланд Роуд“ во вонредното 14. коло. Домашниот тим уште еднаш покажа дека може да се носи со најдобрите, запишувајќи четврта победа сезонава.
Лидс поведе многу рано, веќе во 6. минута, кога Јака Бијол прецизно реализираше по асистенција од Стах. Челси се обиде да се врати, но до полувремето Танака ја зголеми предноста на 2-0, оставајќи го фаворитот под притисок.
Во вториот дел Педро Нето намали на 2-1, давајќи надеж на гостите, но во 73. минута Доминик Калверт-Луин го стави крајниот печат на победата за Лидс со лесен гол, откако Окафор ја постави топката пред него.
Ливерпул одигра 1-1 со Сандерленд на „Енфилд“. Гостите поведоа во 67. минута со гол на Чемсдине Талби, но Флоријан Вирц во 81. минута го постигна својот прв гол за „црвените“, израмнувајќи на 1-1. До крајот Ливерпул создаде неколку добри шанси, но не успеа да стигне до триумф. Сандерленд имаше нова шанса за триумф, но Киеза спаси пред гол-линијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













