Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, се соочуваше со многу веројатен отказ во случај на пораз од Њукасл. Се одвиваше сè во насока дека тоа ќе се случи, но на крајот – не се случи.
На крајот Њукасл и Тотенхем ги поделија бодовите играјќи 2-2 во 14. коло од Премиер-лигата, и токму овој резултат веројатно му купи малку време на данскиот стратег.
Големо е прашањето дали би „преживеал“ на клупата на клубот од Лондон доколку загубеше, а го спаси магичниот стопер Кути Ромеро, со два постигнати гола. Вториот го даде со „ножички“!
Домаќините вечерва го надиграа Тотенхем во сите сегменти на фудбалската игра, доминираа од првиот до последниот свиреж, но сепак многу тешко дојдоа до предност.
„Петлите“ долго се држеа, без да упатат ниту една сериозна закана кон голот на ривалот, а попуштија дури во 71. минута, под налетот на Гордон и Бруно Гимараеш. Но, Кристијан Ромеро постигна два гола, и успеа да спаси бод за Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













