
Брегалница сака да ја задржи предноста од пет бода на врвот на табелата во Втората лига Исток и да замине на зимска пауза мирно со комфорно водство во однос на второпласираниот Тиквеш. За тоа избраниците на Марјан Секуловски целат на триумф и на денешното гостување против Слога Виница.
„Брегалница на секој натпревар оди на триумф и три бода. Така ќе биде и во Виница затоа што сакаме со победа да го завршиме есенскиот дел. Нормално, максимално ја почитуваме екипата на Слога која игра квалитетен фудбал, но ние во добра серија сме и посакуваме на тој начин да ја завршиме оваа етапа од првенството“, вели младиот дефанзивец на „сините“, Јован Манев.
Тиквеш и гостува на Победа и исто така планира три бода од овој дуел. Кит Го на домашен терен го пречекува составот на Плачковица, а Каменица Саса е домаќин на Кожуф. Росоман ќе го нагости составот на Осогово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
