
Со триумф во големата дерби пресметка против Тиквеш во последното коло, Борец на најдобар можен начин го прослави влезот во прволигашкото друштво од следната сезона.
Велешани пред своите навивачи триумфираа со 3-1 во натпревар во кој поведоа со голот на Чичевски уште во 9. минута од средбата. Методија Делов израмни за гостите во 28. минута, но Марко Ѓорѓиевски со гол во 77. минута донесе водство за Борец, а најдобриот стрелец на домашните Симеон Христов во 89. минута ги постави конечните 3-1.
Плачковица успеа да се спаси, па и следната сезона да игра во Втората лига, откако славеше со 2-0 против Кожуф пред своите навивачи. Стрелци на головите за радовишани беа Радојчиќ и Здравков во второто полувреме.
И Кит Го триумфално ја заврши сезоната во Втората лига. Пехчевци поведоа преку Иван Настевски во 42. минута, но домашните преку Дане Митрев израмнија во 45. минута од пенал. Трите бода за Кит Го ги донесе Антонио Бујчевски во 63. минута откако умешно реагираше пред голот на домашните по убавата соло акција и прекрасниот шут на Мартин Стојанов.
Интересно, натпреварот меѓу Партизан Обршани и Брегалница не се одигра затоа што домашните, без никого да информираат, едноставно не се појавија на домашниот терен.
РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО
Вардар Неготино – Кит Го 1-2
Борец – Тиквеш 2-1
Плачковица – Кожуф 2-0
Детонит јуниор – Каменица Саса 2-1
Партизан Обршани – Брегалница (НЕОДИГРАНО – домашните не се појавија на мечот)
—- ФК Борец Велес е нов прволигаш
—- ФК Тиквеш од Кавадарци на 2. јуни ќе игра бараж за влез во Прва лига против ФК Лабуништа
—- Во Трета лига се селат Детонит јуниор, Каменица Саса, Вардар Неготино и Партизан Обршани

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
