Connect with us

Втора лига: Беса со пресврт го победи Скопје, Пелистер убедлив

Фаворитите за пласман во Првата лига, лидерот Беса и второпласираниот Пелистер, вклучувајќи го и Детонит Плачковица славеа победи.

Скопје по првиот дел имаше водство, но Беса израмни на почетокот на второто полувреме, а потоа Изаир Емини од пенал во 80.минута се погрижи за целосен пресврт.

Пелистер го совлада Арсими на домашен терен со 3-0. Спиркоски и Христов донесоа водство од 2-0, а најубавиот погодок го постигна Јорданчо Наумоски во 51.минута. Тој забележа дека противничкиот голман е далеку од голот, шутираше од половина терен и успеа да го совлада.

Детонит Плачковица беше убедлив на гости против Осогово и славеше со 1-3, а Охрид одигра 2-2 против Новаци.

Тетекс доживеа непријатен пораз (1-2) од Вардар Неготино, а Башкими со 5-1 го победи Караорман.

Кожуф оствари минимален триумф (0-1) против Победа на гости со автоголот на Поп Антоски во 89.минута. Беласица и Каменица Саса ремизираа 1-1.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови