Connect with us

Втора лига: Беса, Пелистер и Детонит победија, важен триумф за Победа

Водечкото трио во Втората лига оди според планот. Беса, Пелистер и Детонит Плачковица остварија нови победи, па Беса останува лидер со шест бода повеќе од Пелистер, а на третата позиција која води во бараж се наоѓа Детонит.


Беса славеше со 0-2 на гости кај Арсими. Емир Скендери го отвори резултатот во корист на лидерот, а Меметриза Хамза го постави конечниот резултат.

Пелистер го победи Охрид Лихнидос со 1-0. Стрелец на голот за „пелистерци“ беше Благоја Љамчевски од пенал во 67. минута. Голманот на охриѓани беше исклучен, а гостите најавија жалба за судењето.

Детонит Плачковица исто така со 1-0 триумфираше против Беласица. Стефан Бабунски беше стрелец на победничкиот гол за радовишани.

ФК Скопје на „Автокоманда“ го победи Тетекс со 2-0.

Победа оствари многу важен триумф над Караорман (0-2) на гости. Кожуф со 2-0 го победи Осогово.

Новаци успеа да слави на гости против Каменица Саса со 1-3.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови