Connect with us

Вредноста на Манчестер Јунајтед утрово паднала за неверојатни милијарда фунти

Вредноста на англискиот гигант Манчестер Јунајтед падна за повеќе од милијарда фунти на почетокот на оваа недела, информираше утрово „Дејли мејл“. Тоа е изненадувачка вест по порастот на цената на акциите на клубот во последните десетина дена, како и победата во финалето на Лига купот во неделата.


Ваквиот колапс на „црвените ѓаволи“ на светските берзи во понеделникот се должи на информациите кои се појавија дека сопствениците од семејството Глејзер не се задоволни од првичните добиени понуди и ја разгледуваат можноста да се откажат од целосната продажба на клуб и привлекување само малцински инвеститори.

Ова очигледно не им одговара, не само на навивачите кои со години протестираат против Американците, туку и на светските финансиски пазари.

Инвестициската банка „Рејн груп“ која стои зад продажбата на клубот, оваа недела ќе контактира со оние кои поднеле формални понуди и ќе ги информира дека не се задоволни од големината на првичната понуда, а потоа ќе продолжи втората фаза на преговори.

Катарскиот шеик Јасим бин Хамад ал-Тани и Сер Џим Ретклиф важеа за фаворити во трката за купување на Манчестер Јунајтед. Информациите велат дека нивните понуди досега се меѓу четири и четири и пол милијарди фунти, а семејството Глејзер очекува околу 6 милијарди фунти за да се согласи на продажба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови