Connect with us

Воска Спорт го промовираше Пајазит Салиу

Амбициозниот македонски второлигаш Воска Спорт донесе уште едно квалитетно засилување за настапот во Втората лига Запад. Нов член на охридскиот тим е Пајазит Салиу, досегашниот напаѓач на Струга Трим Лум. Откако не можеше да се избори за квалитетна минутажа кај стружани, Пајазит Салиу ја прифати понудата на Воска Спорт да го засили второлигашот за претстојната сезона.

Воска Спорт претстојниот викенд ќе има жесток дуел со најтрофејниот македонски клуб Вардар во еден од дерби – дуелите во Втората лига Запад. Охридскиот тим се наметна како еден од фаворитите за највисок пласман во новата сезона иако важи за дебитант во второлигашката конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови