Македонскиот фудбалски стратег, Влатко Андоновски, поднесе оставка од селекторската позиција на женската репрезентација на САД, објави „ЕСПН“. Американките не ја исполнија целта на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, откако настапот го завршија уште во осминафиналето. Тоа е најслаб резултат на мундијалите во историјата на женската фудбалска репрезентација на Америка.
Андоновски на селекторската позиција на САД беше назначен во 2019 година, но оттогаш не успеа да дојде до трофеј со оваа репрезентација.
Како што тврди „ЕСПН“, Влатко Андоновски е главен фаворит за тренерската позиција на Канзас Сити.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski