
Тренерот на Болоња, Винченцо Италијано, го продолжи договорот со клубот до 2027 година. Италијано заслужено доби нова верност од клубот, откако го освои Купот на Италија, победувајќи го Милан со 1-0 во финалето.
„Среќни сме што го продолжуваме соработката со Винченцо Италијано“, изјави извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи. „Како што веќе сме кажале, ова беше нашата намера и сакаме заедно да се соочиме со предизвиците во новата сезона“, додаде тој.
Vincenzo Italiano is here to stay ✍️❤️💙#WeAreOne
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) May 29, 2025
Со овој успех, Болоња го освои својот прв трофеј по цели 51 година.
„Пресреќен сум што го продолжувам ова фудбалско патување. Нѐ очекуваат многу возбудливи натпреварувања и поставуваме заеднички цели“, изјави Италијано по потпишувањето.
И покрај тоа што беше поврзуван со можен трансфер во Милан, Италијано реши да остане на „Ренато Дал’Ара“.
Според „Газета дело Спорт“, новиот договор му гарантира плата од 3 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Италијано претходно го водеше тимот на Фиорентина три сезони, со кого двапати стигна до финалето во Конференциската лига, како и до едно финале во Купот на Италија, но не успеа да освои трофеј – сè досега, кога успеа да ја донесе славата во Болоња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал
