Саудискиот клуб Ал-Хилал започнал почетни преговори за ангажирање на напаѓачот Виктор Осимен од Наполи. Нигерискиот фудбалер моментно настапува како позајмен играч во Галатасарај, откако минатото лето влезе во конфликт со управата на Наполи и беше испратен на позајмица во истанбулскиот гигант.
Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, го исклучи Осимен од своите планови, а и без него му оди одлично оваа сезона во Серија А.
Договорот на Осимен со Наполи истекува на крајот на јуни 2026 година, но напаѓачот има ослободителна клаузула која му овозможува да го напушти клубот за сума од 75 милиони евра.
Осимен се приклучи на Наполи во 2020 година од Лил, кога беше донесен од тогашниот спортски директор Кристијано Џунтоли, кој сега е во Јувентус. Џунтоли го идентификувал токму Осимен, заедно со Сандро Тонали, како двете главни трансфер-мети на „старата дама“ за претстојниот преоден рок.
Оваа сезона, Осимен одигра 36 натпревари за Галатасарај, постигнувајќи 31 гол и остварувајќи седум асистенции во сите натпреварувања.
Иако се спомнуваше како цел на Челси, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Јувентус, според различни извори, високите финансиски барања на напаѓачот моментално претставуваат пречка за европските гиганти да го реализираат неговиот трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













