Брентфорд извојува значајна победа од 0-2 на гостувањето кај Вест Хем и направи чекор подалеку од опасната зона во Премиер – лигата. Домашниот тим, пак, продолжува со слабите резултати – останува со само четири освоени бода на 19. позиција и со сè поголеми грижи околу опстанокот.
Гостите поведоа во 43. минута преку Игор Тијаго, кој ја искористи грешката во одбраната на „чеканите“ и прецизно погоди. До крајот на полувремето Тијаго уште еднаш ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.
Во вториот дел Вест Хем се обидуваше да израмни, но безуспешно, а казната стигна длабоко во судиското продолжение – Матијас Јенсен во 93. минута го постави конечниот резултат и го потврди заслужениот триумф на Брентфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













