Не можеше да не се забележи по синоќешното освојување на Купот на Македонија, огромната радост кај офанзивецот на Академија Пандев, Стојанче Велинов. Солзите радосници доволно зборуваа за начинот на кој Велинов го доживеа освојувањето на Куп трофејот…
„Навистина ова чувство не може да се опише. Премногу го посакувавме трофејот, и на крај сосема заслужено стигнавме до него. Пресреќен сум за оваа титула поради многу нешта, но може да кажам дека навистина сум горд на се што направи Академија Пандев оваа сезона. Ова е неверојатен тим со енергија која досега не сум ја почувствувал никаде. Вистинско семејство“ – изјави Велинов по синоќешниот натпревар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski