Connect with us

Васоски промовиран во Сараево: Тимот ќе игра атрактивен и офанзивен фудбал

Македонскиот стратег Александар Васоски е нов тренер на култниот босански клуб Сараево. Тој денеска ја имаше официјалната промоција во новиот клуб.


„Чест ми е и задоволство што Сараево и сопственикот Исмир ме препозна да бидам дел од овој проект. Притисокот е голем, но јас веќе го доживеав. Целта е клубот да излезе во Европа и да го освои Купот, а потоа да развие играчи од академијата, утре да бидат играчи за националниот тим“, изјави Васоски.

Македонскиот стручњак зборуваше и за планот за подготовка за вториот дел од сезоната.

„Денеска е прозивката во 13 часот. На 19 февруари одиме во Љубушки и таму ќе одиграме два натпревари. Потоа одиме во Анталија, каде не очекуваат четири натпревари и се враќаме во Сараево“, изјави новиот тренер на бордо клубот.

Васоски вели дека ги гледал сите натпревари во Сараево и има претстава за квалитетите на тимот.

„Тимот треба да игра малку поофанзивно и поатрактивно, особено на Кошево. Ги гледав сите натпревари во Сараево, таму има квалитет. Имам во мојата глава како треба да играме, но треба да го почувствувам тимот на тренинзите. Лигата е изедначена, Зрињски малку се издвојува на табелата, но повторно секој може секого да победи“, истакна Васоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови