Академија Пандев обезбеди директен опстанок, но не успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија и да ја круниса сезоната со излез во Европа. Струмичкиот тим загуби на пенали од Силекс (3-4) откако немаше голови по 120 минути битка на Националната арена „Тодор Проески“.
Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски, вели дека пеналите се лотарија, а дека фудбалерите се разочарани поради неуспехот.
„Сакам да упатам честитки до Силекс за освојувањето на трофејот. Беше ова еден тежок и исцрпувачки натпревар, финале во кое нема поправен испит, а фудбалерите се веќе истрошени од сезоната зад себе. Пеналите се лотарија, разочарани сме поради поразот, но мора да кажам дека играчки не разочаравме. Бевме и за нијанса подобри во вториот дел, а сепак Силекс се извлече и потоа дојде изведување удари од белата точка. Велиновски плачеше затоа што промаши. Не секогаш победува подобриот, ќе мора психолошки да се кренеме по овој пораз“, изјави Александар Васоски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski