Среќата му беше наклонета на Вардар, за актуелниот првак на Македонија да не доживее фијаско во националниот куп, каде дури по изведување на пенали успеа да го елиминира тимот на Вардар Форино.
Без оглед на финансиските проблеми со кои се соочуваат „црвено-црните“, триумф над ривали како Вардар Форино не би требало да биде доведуван во прашање, но денешните случувања на теренот во Гостивар донесоа изненадувачки тек на настаните. Особено во самиот финиш бидејќи гостите од Скопје поведоа со 0-2 со головите на Блажевски и на Петковски, но Вардар Форино покажа квалитет и карактер успевајќи да се врати во мечот.
Емир Алиу беше клучниот играч во таборот на домаќините, откако во рок од само пет минути двапати го матираше голманот на Вардар и донесе реми.
Пенал-рулетот беше супер-драматичен, беа изведени дури девет серии, за промашувањето на Синани (ја погоди гредата) да се покаже клучно за скопскиот клуб да ги продолжи настапите во Купот на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













