Connect with us

Вардар го освои Кавадарци, Струга ТЛ со пресврт славеше кај Арсими

Вардар ја оствари втората победа во новата сезома во Првата лига славејќи на гости против Тиквеш со 1-2. Во тензичен натпревар и во присуство на двете навивачки групи Лозари и Комити, вардарци стигнаа до триумф со головите на Мислав Матиќ во 52.минута и на Роџерс Мато во 68.минута.

Тиквеш во судиското продолжение постигна почесен погодок преку Иван Ивановски, но немаше сили за израмнување.

На полувреме делегатот се закани дека ќе ја испразни трибината каде беа сместени Лозари поради употреба на пиротехнички средства.

Струга ТЛ со пресврт стигна до триумф (1-2) на гости кај Арсими во Гостивар.

Олатунбосун донесе изненадувачко водство за Арсими со голот во 42.минута. Сепак, Струга ТЛ успеа да направи пресврт во вториот дел, со два брзи гола во период од три минути.

Марјан Радески израмни во 69.минута, а Басиру Компаоре во 72.минута постигна победнички гол користејќи ја грешката на Цуцули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови