Контроверзната брачна двојка Мауро Икарди – Ванда Нара дефинитивно се разведува. Аргентинската убавица објави дека побарала развод од фудбалерот. Иако тие се заедно во Истанбул, откако Икарди потпиша за Галатасарај, очигледно дека заедничкото појавување во јавноста е сега само чист маретинг.
„Многу ми е болно што го минувам овој момент во животот, но со оглед на честите медиумски пишувања и шпекулации, најдобро е јас тоа да го објавам. Се разделуваме со Мауро, немам што повеќе да објаснувам и да кријам. Би сакала сите да имаат разбирање, не само поради мене, туку и поради нашите деца“, објави Ванда Нара.
Ванда Нара пред речиси една година го „улови“ Икарди во неверство. Тогаш некако успеаја да се смират, но очигледно дека бракот веќе не може да опстои.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski