Холандските фудбалери во Ливерпул со нетрпение го чекаат доаѓањето на нивниот сонародник Арне Слот во англискиот премиерлигаш Ливерпул, пишуваат медиумите на Островот. „Црвените“ ги имаат Рајан Гравенберх, Коди Гакпо и Вирџил ван Дајк, кој ја презеде и капитенската лента по заминувањето на Џордан Хендерсон.
Ван Дајк во неколку наврати изјави дека ќе направи сѐ за да му помогне на новиот менаџер Арне Слот. Тој ќе го замени веќе легендарниот Јирген Клоп.
„Имам уште една година од договорот. Јас сум капитен на клубот и јасно кажав дека ќе го поддржувам новиот менаџер колку што можам повеќе. Со нетрпение го чекам почетокот на следната сезона”, изјави Ван Дајк во интервју за холандските медиуми на стартот од кампот на „лалињата“ пред Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца













