Connect with us

Валенсија со успешен старт на сезоната (ВИДЕО)

Валенсија успеа да обезбеди победнички старт на сезоната во Ла Лига иако речиси цел натпревар играше со фудбалер помалку на теренот. „Лилјаците“ славеа над Хетафе со 1-0.

Хуго Гиламон во третата минута заработи црвен картон, но Валенсија сепак поведе од пенал во 11.минута. Стрелец беше Карлос Солер.

Во 76.минута и Хетафе остана со десетмина на теренот по исклучувањето на Ерик Кабако, па Валенсија полесно успеа да го приведе дуелот до крај.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови