
Младиот фудбалер и брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, Драгиша, е успешно опериран откако пред неколку дена изгуби свест на натпревар за неговиот тим Кордоба.
Потоа доживеа срцев удар, поради што беше изнесен од теренот, а подоцна и хоспитализиран. Иако беше брзо стабилизиран, операцијата беше неопходна и беше успешно изведена.
„Имаме компликувана недела зад нас поради сѐ што се случи со играчот кој сите го сакаме многу и кој ја освои соблекувалната. Не очекувавме да се случи такво нешто, првите денови беа тешки, сликите поминаа, а ноќите беа долги и во исчекување. Беше тешко да се фати сон“, изјави тренерот на Кордоба, Ернан Креспо,
„Настана затишје, траеше неизвесноста кај играчите, пред да дојде позитивната вест. Соблекувалната е желна да дојде до победа и да му ја посвети. Сега имаме уште поголема желба, Драгиша ја заслужува“, истакна стратегот на шпанскиот второлигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
