Connect with us

Уште една сензација на СП за жени: Германките првпат се елиминирани во групната фаза

Се одиграа последните натпревари од групната фаза на Светското првенство за жени, а во осминафиналето последни се пласираа Колумбија и Мароко. Од таа група Х испаднаа Германките, кои во третото коло одиграа недоволни 1-1 против Јужна Кореја, репрезентација која ги загуби двата претходни натпревари.


Германките можеа да продолжат со четири бода, но не им одеше во прилог резултатот од вториот натпревар во групата, во кој Мароко ја совлада Колумбија со 1-0 и тие две селекции продолжија понатаму.


Хероина на Мароко беше Лахмари, кој го постигна единствениот гол во судиското надополнување на првиот дел. Претходно пенал за Мароканките не го реализираше Чебак.


На мечот меѓу Германија и Јужна Кореја, азиската репрезентација поведе со голот на Чо Со-Хјун во шестата минута, а израмни Поп во 42. минута. Германските фудбалерки до крајот не успеаја да постигнат гол за минување меѓу најдобрите 16 екипи.


Низ историјата, Германките двапати биле светски шампионки, во 2003 и 2007 година. Само Американките имаат повеќе титули, четири.


Германските фудбалерки за првпат се елиминирани на Светско првенство по групната фаза. Истото претходно им се случи и на Бразилките, кои првпат испаднаа во групата на ова СП.


Познати се сите двојки од осминафиналето на Светското првенство.


В сабота ќе играат Шпанија – Швајцарија и Јапонија – Норвешка.


В недела се среќаваат Холандија – Јужна Африка и САД – Шведска, а во понеделник Англија – Нигерија и Австралија – Данска.


Последните осминафинални натпревари се закажани за вторник, а се среќаваат Колумбија – Јамајка и Франција – Мароко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови