Connect with us

УЕФА им се извини на навивачите за пропустите во финалето на ЛШ

Финалето на Лигата на шампионите остави голем организациски пропуст, откако голем дел од навивачите со купени билети не можеа да влезат на трибините. Повеќето од нив беа фанови на Ливерпул.


УЕФА излезе со соопштение извинувајќи им се на навивачите и најави подетална истрага за случувањата пред финалето.


„УЕФА искрено му се извинува на секој навивач кој преживеа или сведочеше на застрашувачките и вознемирувачките случувања пред финалето на 28. мај 2022 година во Париз, во ноќта која требаше да биде прослава на европски фудбал. Ниту еден навивач не би требало да се најде во ваква ситуација, не смее да се повтори.


УЕФА веднаш по овие случувања спроведе независна истрага за да се утврдат сите недостатоци и обврски на сите субјекти вклучени во организацијата на финалето. Целта е да се дознае што точно се случило во текот на подготовките за финалето и да се обиде да утврди кои заклучоци треба да се донесат во една таква ситуација, за да истата не се повтори“, истакнуваат од УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови