УЕФА ги објави номинациите за најдобрите фудбалери по позиција од ланската сезона во Лигата на шампионите. Доминираат членовите на шампионот Челси и и на финалистот Манчестер Сити со пет, односно со три номинации.
За најдобар голман се номинирани Едуард Менди од Челси, Едерсон од Манчестер Сити и Тибо Куртоа од Реал Мадрид.
За најдобар дефанзивец конкурираат Цезар Аспиликуета и Антонио Рудигер, како и Рубен Диаш од Манчестер Сити.
Канте и Жоргињо од Челси и Кевин Де Бруин од Манестер Сити се во трка за најдобар играч за врска, а во конкуренција за најдобар напаѓач се Роберт Левандовски од Баерн, Килијан Мбапе од ПСЖ и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Добитниците на наградите ќе бидат познати на 26 август.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski