Connect with us

Удинезе спаси бод против Монца, десетина минути за Несторовски (ВИДЕО)

Удинезе и Монца ремизираа (2-2) на „Дачија арена“ во дуел во кој домаќинот стигна до бод во судиското продолжение од мечот. Бето од пенал погоди за израмнување во 93.минута.

Ловриќ во 18.минута донесе водство за Удинезе, но Колпани и Ровела за осум минути на почетокот на вториот дел направија целосен пресврт.

Сепак, Бето од пенал го постави конелниот резултат, 2-2.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на овој натпревар доби десетина минути шанса на крајот од дуелот и всушност го изнуди пеналот за израмнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови