Connect with us

ЦСКА 1948 со пенал ја победи Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби со 2-1 од ЦСКА 1948 на пријателскиот натпревар во Банско.

“Лавовите” први се заканија и погодија статива во 22.минута, но ЦСКА дојде до предност со голот на Димитар Пиргов во 41.минута. Македонија ЃП израмни со одличниот гол на Фернандо во 70.минута, но бугарскиот тим сепак стигна до победа со голот од пенал на Георги Русев во 86.минута.

Во 75.минута дојде до кошкање на Бановиќ и еден фудбалер на ЦСКА, беа исклучени, но во договор со судијата и противникот во игра влегоа други фудбалери во двете екипи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови