Connect with us

Триумф за Лајпциг, Елмас доби шанса во финишот (ВИДЕО)

Лајпциг оствари важен триумф (1-2) на гости кај Хајденхајм со кој ја чува четвртата поизиција на табелата во Бундес-лигата, која сигурно води во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во финишот од мечот, во 79.минута, а стрелци на головите за гостите беа Бењамин Шешко во 42.минута и Лоис Опенда во 85.минута.

Хајденхајм израмни во 69.минута преку Никола Доведан, но не успеа да остане непоразен до крајот.

Хофенхајм во голеада славеше против Борусија Менхегладбах со 4-3. Робин Хак постигна хет-трик за гостинскиот тим, но тоа не беше доволно за успех.

Волфсбург го победи Бохум со 1-0, а Дармштат славеше на гости против Келн со 0-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови