Иван Тричковски нема да може да му помогне на македонскиот национален тим на утрешниот натпревар против Ерменија, на стартот од новото издание од Лигата на Нации. Голгетерот одлично ја стартуваше сезоната постигнувајќи погодок на дуелот против АПОЕЛ, но заработи повреда поради која во изминатиот ден тренираше со намален интензитет.
Обидите на лекарскиот тим да го оспособат за настап против Ерменија не вродија со плод, па на крај беше донесена одлука тој да не биде во тимот на утрешниот натпревар.
„Тричковски дефинитивно нема да може да настапи против Ерменија. Останува да видиме дали ќе може да се рехабилитира навреме за настап во второто коло против Грузија“, истакна селекторот Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













